Никој не го сака „Сведмилк“

Bez autora
Jun 16 2011

Вчера се продаваше уделот на НЛБ Тутунска банка во „Сведмилк“, со почетна цена од 7,5 милиони евра. И покрај информациите за заинтересирани купувачи за фабриката во стечај, на првото усно јавно наддавање не се појави ниту еден купувач. Предмет на продажбата беа земјиштето, фабричката хала, како и технолошката опрема внатре во фабриката. Постапката за продажба продолжува со второ усно наддавање за еден месец. Доколку и второто усно наддавање биде неуспешно, можно е да се одржи и трето или, пак, да се продаде со непосредна спогодбa. Тој не знаеше да одговори зошто на вчерашната лицитација не се појави ниту еден потенцијален купувач, иако изминатиов период во јавноста се појавија неколку имиња што пројавија интерес за „Сведмилк“, како што се фирми од Турција, Франција, како и Љубљанска млекарница.

Никој не го сака „Сведмилк“Вчера се продаваше уделот на НЛБ Тутунска банка во „Сведмилк“, со почетна цена од 7,5 милиони евра.

И покрај информациите за заинтересирани купувачи за фабриката во стечај, на првото усно јавно наддавање не се појави ниту еден купувач. Предмет на продажбата беа земјиштето, фабричката хала, како и технолошката опрема внатре во фабриката. Постапката за продажба продолжува со второ усно наддавање за еден месец.

„Доколку и второто усно наддавање биде неуспешно, можно е да се одржи и трето или, пак, да се продаде со непосредна спогодба“, изјави Гордан Станковиќ, извршител.

Тој не знаеше да одговори зошто на вчерашната лицитација не се појави ниту еден потенцијален купувач, иако изминатиов период во јавноста се појавија неколку имиња што пројавија интерес за „Сведмилк“, како што се фирми од Турција, Франција, како и Љубљанска млекарница.

„Не би можел да ги знам причините зошто нема заинтересирани компании, можеби, чекаат да се намали цената на втората лицитација или, пак, не собрале доволно пари. Во секој случај не е прв пат интерес да пројават повеќе фирми, а на крај да не се јави никој“, додаде Станковиќ.

Шведската млекарница остана запаметена како инвестициско фијаско. Пропадна по само една година работа. За тој период создаде долг од 32 милиона евра, од кои четири милиони евра долг спрема сточарите. По откривањето на скандалозното работење, компанијата отиде во стечај, а лицата што раководеа заработија кривични пријави, а млекопроизводителите останаа без своите пари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik